„Гризман сеуште не е светска класа“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Крилниот напаѓач на Баерн Минхен Франк Рибери рече дека неговиот сонародник мора да продолжи да игра на секогашното ниво со цел да го сметаат за играч од светска класа.

    Гризман процвета во Атлетико Мадрид, блескаше на ЕП, па е еден од кандидатите за Златна топка.

    „Гризман беше одличен во минатата сезона, но мора да игра така во континуитет ако сака да биде светска класа. Луѓето брзаат да заклучат дека ако некој е фантастичен играч и дека ја заслужува Златната топка после само една сезона. Не се согласувам со тоа“, рече Рибери и додаде:

    „По мое мислење, мораш да се докажуваш во текот на 10, 12 или 15 години ако сакаш да припаѓаш во најдобрите. Направи го тоа и со здрага воља ќе ти честитам. Лично можеби отсуствував од терените поради повреда, но речиси секогаш играм на највисоко ниво во претходните десет години“.

    Гризман и во оваа сезона продолжува со одличните игри, веќе даде шест гола во Примера, ќе видиме дали во иднина ќе ги задоволи критериумите на Рибери.