Давид Бабунски пред нов голем трансфер

    Раководството на Динамо не се откажува од намерата да го доведе Давид Бабунски од Црвена Звезда.

    Медиумите тврдат дека имаше скаути на Динамо на натпреварот Македонија – Шкотска за да го видат квалитетот на овој фудбалер, а хрватскиот шампион беше заинтересиран за Бабунски и во летото.

    Бабунски со шампионот на Србија има уште една година договор, но не игра често и се очекува да се пресели во Загреб.

    Овој 22-годишен фудбалер ја помина младинската школа на Барселона, но за првиот тим не дебитираше. Во Звезда стигна во јануари.