Дали е Интер новиот Манчестер Сити?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Кинезите мислат сериозно, најавен е летен напад на дваја, по многумина, најдобри напаѓачи на светот.

    Зимата за потполнување на редовите, лето за шокантни потези на пазарот!

    На Апенините тврдат дека Кинезите во Интер, поточно новите сопственици, се многу помоќни од кои треба да бидат нови сопственици на Милан.

    Овде нема никакви тајни, во прашање е моќниот „Санинг“ кој има „бефел“ од владата да вложува огромна сума на пари во европскиот фудбал и на тој начин да ја промовира Кина.

    Кинеската корпорација е спремна да големо вложување во тимот, денеска пишувавме за зимскиот преоден рок, кога ќе пробаат да ја потполнат селекцијата и да ги засилат крилните позиции во екипата.

    Но, тоа што е вистинско треба да следи во летниот преоден рок.

    И тоа нема да бидат обични трансфер, Кинезите ги целат најголемите ѕвезди, имаат пари да ги доведат, но веќе на прв поглед се во прашање невозможни мисии.

    Една мета е Луис Суарез за кого се наводно спремни да платат на Каталонците стотина милиони, но Уругваецот е пред потпис на нов договор и тешко дека ќе ја напушти Каталонија.

    Кун Агуеро веќе потпиша, односноп ја продоолжи верноста кон Манчестер Сити, пред истекот на договорот ќе се врати во Аргентина.

    Но, со самиот факт дека Интер има огромни пари ги прави рамноправни на пазарот, вакви средства може во Италија да вложи евентуално уште Јувентус, но тие имаат спакувана екипа и веќе сега најавуваат дека само ќе го реализираат започнатото околу Витсел и Бентакур, и евентуално ќе доведат уште еден напаѓач.

    Интер прво треба да се врати во Лигата на шампионите, со неколку зимски засилувања, како Хектор, германскиот репрезентативец од Келн и Видал од Барселона и со најавеното доаѓање на Џексомн Мартинез, околу кого секогаш се шпекулира, се чини дека може да бидат доволни да се пласираат во првите три.

    Враќањето во Лигата на шампионите е голема цел во оваа година, сметаат дека лесно ќе ги привлечат тие најдобрите играчи, ако бидат дел од европската елита веќе во наредната сезона.

    Како што рековме, пари има, спремност за огромни трансфери постои, Санинг веќе ги купи Жоао Марио за 40 милиони и го проследи во Интер, стигна и Габиогол, го задржаа Икарди, основа постои.

    Со пари се е едноставно и брзо, за примери Сити и Пари Сен Жермен илустративни…