Дали е на повидок нова терористичка катастрофа ?!

 

 

Како што пренесуваат англиските медиуми, терористичката група ИСИС, на својот телевизиски канал ги охрабрува своите членови да извршат напад врз најголемиот тениски турнир, Вимблдон.

Британските полициски служби дури откриле и мапи кои на терористите им налагаат како треба да изгледа нападот, а во соопштението кое се појавило на терористичката телевизија се инспирираат луѓе за да извршат напад сличен како оној што се случи во Манчестер, каде загинаа 23 лица и 250 беа повредени.

Вимблдон е турнир кој трае околу две недели, тој започна во понделникот, а британските безбедносни служби велат да нема паника и дека ќе превземат највисоки мерки за оваа да не се случи.