Дванаесет погодоци, осум парчиња за Легија од Дортмунд, Лестер се пласира понатаму, Карим Бензема му донесе победа на Реал во Португалија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во петото коло од Лига на Шампиони се одиграа уште седум натпревари.

    Лион славеше на Максимир против Динамо Загреб со погодокот во второто полувреме на Александар Лаказет. Дожд од погодоци на Сигнал Идуна Парк. Борусија Дортмунд славеше со 8:4. Легија прво стигна до водство, но три погодоци набрзина постигнаа домашните фудбалери. Голеадата продолжи и во вториот дел. Ројс постигна хет-трик, Кагава два погодоци, Сахин, Дембеле и Паслак по еден погодок. Копенхаген и Порто одиграа без погодоци, 0:0. Со денешната победа на Кинг Пауер против Клуб Бриж, Лестер се пласираше понатаму во ЛШ, 2:1. Оказаки и Марез од пенал му ја донесоа победата на Лестер.

     

    Монако славеше со 2:1 против Тотенхем. Фалкао во првото полувреме промаши пенал. На почетокот на второто полувреме Сидибе ги израдува домашните навивачи. Радоста не траеше долго бидејќи Кејн од пенал израмни. Со погодокот на Лемар, Монако ги освои трите бода. Јувентус победи на Рамон Санчез Пискуан против Севиља со 1:2. Пареха после девет минути игра му донесе водство на Севиља. Андалузијците останаа со фудбалер помалку во првото полувреме кога Васкез доби црвен картон. На крајот на првото полувреме беше досуден пенал за Јувентус, а Маркисио го израмни резултатот. Леонардо Бонучи го доведе Јуве во водство, а Манџукиќ во 94-та минута ги постави конечните 1:3. Реал Мадрид стигна до тешка победа во Португалија против Спортинг, 1:2. Рафаел Варан му донесе водство на кралскиот клуб. Во 64-та минута Переира доби црвен картон и Спортинг остана со 10 фудбалери. Коентрао ја фати топката со рака и беше досуден пенал за домашните кој Силва го реализира и го израмни резултатот. Три минути пред крајот на натпреварот резервата Карим Бензема ја растажи домашната публика со неговиот погодок.