Двајца играчи на Манчестер Јунајтед казнети поради прекршување на анти-допинг процедурата. Едниот нема да настапи на Супер-Купот во Скопје?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клубот на Манчестер Јунајтед беше казнет заради прекршување на анти-допинг процедурата по финалето од Лигата на Европа, кое тие го добија со 2-0. Паричната казна е со висина од 10 000 евра (8 950 фунти).

 

Имено, двајцата играчи кои се одговорни за казната се дефанзивците Фил Џонс и Дејли Блинд. Фил Џонс е казнет поради користење навредлив речник према контролор на УЕФА кој требало да го тестира за допинг откако заврши финалето и тој доби суспензија од два меча во европските натпреварувања, со што ќе го пропушти Супер-Купот кој Јунајтед го игра против Реал Мадрид на 8-ми август во Скопје. Дејли Блинд пак, е казнет поради одбивањето да ја испочитува анти-допинг процедурата на УЕФА.

Двајцата добија парични казни во висина од 5000 фунти.

Клубот има шанса да испрати приговор до УЕФА со барање да се намалат или укинат казните.