Дебакл на Бетис на домашен паркет – Осум поени на Војдан во поразот од Мурчија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Реал Бетис беа поразени на домашен паркет во деветото коло од шпанската АЦБ лига со 77:103 против Мурчија.

    Мурчија лошо влезе во натпреварот, но потоа се разигра и после првата четвртина гостите имаа водство од 20:28. Во втората четвртина кошаркарите на Реал Бетис постигнаа само три поени и на полувреме заминаа со негатива од 29 поени, 29:52. Третата четвртина ни донесе многу кошеви на двете страни, но Бетис само намали на 25 поени негатива пред последните десет минути од натпреварот. Гостите си го одржуваа водството во последната четвртина и славеа со 77:103.

    Барон со 19 поени ја предводеше Мурчија до победа на денешниот натпревар. Кампацо додаде 17, Бените 16, Фаверани 13, Радовиќ 12 и Антело 11 поени. Гарсија беше најефикасен во тимот на Реал Бетис со 17 поени. Војдан Стојановски натпреварот го заврши со 8 поени.

    Во следното коло Реал Бетис му гостува на Валенсија, а Мурчија ќе го пречека Обрадорио.