Дебакл на ракометарите во Чешка – Терор на Хрстка


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во натпревар од второто коло од квалификациите за ЕП кое се одржи во Хрватска во 2018, ракометарите на Македонија беа поразени од Чешка со 35:28.

    Почетокот на натпреварот донесе огромна предност на чешките ракометари. Десет минути репрезентативците на Македонија не постигнаа погодок и направија огромен број на грешки, 10:3. Ракометарите на Македонија се обидуваа до крајот на полувреме да го намалат големото водство и најмногу што направија беше четири негатива, 12:8. Чесите пред крајот на првиот дел постигнаа три погодоци во серија и повторно ја вратија предноста од седум погодоци, 17:10. На полувреме македонските ракометари заминаа со негатива од шест погодоци, 18:12. Со трите погодоци во серија на македонските ракометари во вториот дел ја намалија негативата на Чешка на три, 19:16. Тајм-аут повика селекторот на Чешка и пополека ја враќаа големата предност. Најголемата предност на натпреварот на Чешка беше девет погодоци, 29:20 во 54-тата минута од натпреварот. На крајот Чешка славеше убедливо со 35:28.

    Јакуб Хрстка со 10 погодоци беше најефикасен кај Чешка. Петровски не промаши и го заврши натпреварот како втор стрелец, 7 погодоци. Бечвар постигна 6. Кирил Лазаров и Дејан Манасков беа најрасположени за игра кај Македонија и натпреварот го завршија со по 8 погодоци. Марко Нелоски беше втор стрелец во македонската репрезентација со 4 погодоци.