Денес среќата не ги пратеше храбрите – Ослабениот МЗТ поразен од Цедевита


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во Јане Сандански во натпревар од Еврокупот против Цедевита загубија со 85:89.

    МЗТ беше одличен на средината на првата четвртина. Имаа 7 поени предност која до крајот на првата четвртина не ја задржаа бидејќи Џексон со двете слободни фрлања го израмни резултатот, 26:26. Во втората четвртина домашните кошаркари се разиграа, 12 поени предност, 42:30. Кошаркарите на Цедевита ја намалија таа предност на МЗТ до 6 поени, 46:40. Следуваше повторно подобра игра на македонскиот шампион, 8 поени предност, 58:50. Во последните 10 минути од натпреварот се влезе со резултат 67:62. Цедевита во последниот дел од натпреварот ја намалуваше предноста и направи пресврт. Водството од 78:85 беше доволно за победа. Кошаркарите на МЗТ најголемото нешто што го направија беше тоа што стигнаа до 2 негатива, но во последните секунди од натпреварот немаа среќа. Прво Мекиќ украде топка, но ја нагази аут-линијата. Потоа Џексон шутираше за три, промаши, а топката повторно се најде во рацете на гостите. Втор пораз на МЗТ во Еврокупот, прва победа за Цедевита.

    Пјер Џексон со 29 поени ја предводеше Цедевита до победа. Крушлин постигна 14 поени, а Араповиќ 13 поени. Даниел Кларк со 23 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ. Двоцифрени натпреварот го завршија Хавиер Темс(18) и Џош Скот(15)