Дербито на Вестфален без победник, Јувентус го декласираше Динамо, Лестер продолжува да победува

    Вечерва на програмата беа осум натпревари од второто коло во групната фаза во ЛШ.

    Тотенхем славеше во Русија против ЦСКА минимално со 0:1, Сон Хеунг Мин го постигна победничкиот погодок за Спарс. Јувентус си поигра на Максимир против Динамо. Пјаниќ и Игуаин во првото полувреме ја затресија мрежата на хрватите, а Дибала зголеми на 0:3. Семпер со автоголот ги постигна конечните 0:4. На дербито на Вестфален, Борусија Дортмунд и Реал Мадрид одиграа, 2:2. Тоа беше спектакл за гледање. Прво Реал стигна до водство преку Роналдо, а до крајот на полувремето Обамејанг израмни. Варан повторно му донесе водство на Реал, а фантастичниот погодок на Шурле ја остави Борусија непоразена на домашен терен.

    Копенхаген го декласираше Клуб Бриж со 4:0. Лестер ја запиша и втората победа во ЛШ, денес жртвата беше Порто кој беше совладан со погодокот на Слимани. Монако и Леверкузен ги поделија бодовите, 1:1. Бен Једер му донесе победа на Севиља против Лион. Спортинг лесно го совлада аутсајдерот Легија со 2:0. Бас Дост и Брајан Руиз беа стрелци во победата на португалскиот клуб.