Дерби во Струмица, Куманово против Кожув


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Второто коло во нашето најквалитетно кошаркарско првенство носи нови неизвесни мечеви. Засилената Струмица е домаќин на Работнички, предводен од струмичкиот бековскиот тандем Илиевски, Мираковски. Овој натпревар ќе биде од посебно значење за долгогодишниот капитен на нашата најдобра селекција Владо Илиевски кој по 20 години по прв пат ќе одигра натпревар  пред  публиката  во својот роден град .
    Во премиерното коло  Работнички  неочекувано извојува  лесната  и убедлива победа над Куманово со која  покажа  дека тимот составен од искусни  и млади кошаркари фукционира одлично.Против Куманово одлични минути одиграа младите Ефремовски и Малинко , но полека во посакуваиот ритам  влегуваат и искусните Тасовски и Чековски. Во тимот на домашната Струмица пак  и сезонава многу работи ќе зависат од капитенот Ефтим Богоев, во триумфот над Вардар негови одлични соработници беа ефикасните странци Бешовиќ и Јокиќ. Против трофејниот противник струмичани во сабота пред својата публика во салата Парк од 18-30 часот ќе бидат посилни и за крилниот кошаркар Ненад Зивчевиќ.

    По убедливиот пораз во Градскиот парк во Скопје, кошаркарите на нашиот вицешампион Куманово против Кожув на домашен терен во празна сала поради казната од финалето на Плеј офот  во сабота од 19 часот ќе се обидат да го поправат лошиот впечаток од воведниот меч и да ја остварат премиерната сезонска победа.

    Без  повредениот капитен Александар Костоски кумановчани ќе го нагостат  новиот тим на Кожув предводен од легендарниот Врбица Стефанов, кој во првото коло во израмнет меч загуби на домашен паркет од Фени  Индустри.

    Во сабота во Јасмин во Кавадарци  фаворизираниот Фени Индустри ќе го пречека дебитантот во елитното друштво АВ Охрид. Со победата во Гевгелија кавадарчани ги најавија амбициите за висок пласман на табелата во регуларниот дел од сезоната.

    Второто коло финишира во недела со поранешното второлигашко дерби меѓу Вардар и Пелистер. Натпреварот во салата на Вардар под Кале  ќе се игра од 14 часот со директен пренос на јавниот МРТ сервис.

    Црвено црните со добра игра во одбрана  и брза транзиција ќе се обидат да го скршат отпорот на гостите од Битола.