До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Интер се поразени вечерва на гостувањето кај Сампдорија со 1:0 во рамките на 11 коло од Серија А.
Многумина сметаат дека после овој натпревар помина и последниот воз за Де Бур да ја спаси својата работа, а тој порача дека се е на челниците на клубот.
„Отказ? Тоа морате да ја прашате управата на клубот! Јас само си ја работам својата работа“. Рече Де Бур.
Тој пораа дека Интер под негово водство сеуште не може да се извлече од кризата.
„Имам верба во оваа екипа и можеме да се извлечеме од ова. Не можеме да прифатиме како игравме во првите 45 минути, мораме во секој натпревар да играме со ист интезитет. Кога ќе ја имаме топката, мораме да играме. Имаме проблем во овој момент. На полувреме им реков на играте дека мораат да го променат начинот на игра. Имам квалитетни играчи за врска кои знаат со топка и тоа треба да го искористиме. А не да играме со долги топки“, рече Де Бур.















