Де Бур со изјава ги навреди интелегентните навивачи на Интер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Интер се поразени денеска во Бергамо од Аталанта со 2:1.

    Беше тоа четврт пораз во девет мечеви во Серија А за Интер, а холандскиот стручнак на клупата на овој клуб Франк Де Бур со изјава после мечот повторно ги изнервира навивачите на Интер.

    Неверојатниот Де Бур рече дека нивните фудбалери покажаа дека можат да играат добро?!

    „Нормално е кога зборувам за голем клуб како што е Интер тешко е да се помириме со три порази по ред, но јас гледам од другиот дел, покажавме дека можеме да играме добро. Играчите рекоа во соблекувалната дека во првиот дел биле многу лоши, дека тоа не смееме да го повториме, и тие во продолжението заиграа доста подобро“, рече Де Бур.

    „Брзо се заборава како го победивме Јувентус, па одигравме многу добри 70 минути против Каљари“.