До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јувентус во саботата е поразен на Сан Сиро и така сериозно ја доведе во прашање неприкосновената доминација во Серија А.
Италијанскиот шампион игра далеку од очекуваното, а сега може да остане и без голема ѕвезда.
Пауло Дибала долго беше на мета на Барселона, а Старата дама веќе одби понуда од 80 милиони евра.
Италијанските медиуми тврдат дека на адреса на Торинезите стигна нова понуда за одличниот Аргентинец.
Според најновите пишувања, Реал Мадрид ги контактираше челниците на Јувентус бидејќи сакаат да го доведат Дибала.
Флорентино Перез е спремен да издвои дури 100 милиони евра за Дибала, а Јувентус ќе понуди за овој трансфер да се реализира во лето 2018 година поради добро познатата казна која им ја изрече УЕФА.















