Димитар Грабул загуби од Настаси – Луксембург води против Македонија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен тенисер, Димитар Грабул загуби од Уго Настаси на Дејвис купот со 0:2 во сетови.

Во првиот сет Настаси направи брејк и стигна до водство. На сервисот на тенисер од Луксембург, Грабул набрзина возврати со брејк. Настаси со брејк на сервисот на македонскиот тенисер повторно стигна до водство. Грабул повторно направи брејк и го израмни резултатот, 2:2. Проблемите на сервисот на Грабул не престануваа, па Настаси тоа го искористи и направи нов брејк. Следуваше нов брејк на македонскиот тенисер за израмнување на резултатот, 3:3. Грабул на свој сервис го изгуби гемот, 3:4. До крајот на првиот сет Настаси беше сигурен на свој сервис и победи со 4:6.

Четвртиот гем од вториот сет донесе брејк. Димитар Грабул ја искористи брејк топката и поведе со 3:1. Но, во следниот гем Настаси направи брејк за 3:2. Тенисерот од Лукембург на сервисот на Грабул ја искористи втората брејк топка за водство, 3:4. Настаси на својот сервис не дозволи изненадување, 3:5. Грабул на својот сервис го изгуби гемот кој значеше победа за Настаси, 3:6.

 

После победата на Настаси, Луксембург стигна до водство против Македонија, 0:1. Следниот натпревар за Македонија на Дејвис купот го игра Томислав Јотовски против Кристоф Тол.