Добринко Илиевски го објави списокот за турнирот во Италија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Репрезентацијата на Македонија до 17 години ги започна подготовките за квалификацискиот турнир во Италија.

    Противниците на македонската репрезентација ќе бидат Италија, Србија и Албанија.

    Селекторот Добринко Илиевски денес го објави списокот на фудбалери кои ќе патуваат за Италија.

    Македонија до 17 години: Мите Секулов (Капри, Италија), Кире Трпчевски (Њу Старс), Филип Антовски (Вардар), Ангел Страторски (Горица, Словенија), Марко Симуновиќ (Партизан, Србија), Џејми Перчевски (Мелбурн, Австралија), Стефан Симоновски (Работнички), Бесник Ферати (Шкупи), Марио Наумоски (Победа), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Лука Трајкоски (Победа), Алтин Сефо (Шкупи), Анес Османоски (Унтерахинг, Германија), Мартин Ристов (Публикум, Словенија), Дарко Чурлинов (Келн, Германија), Саит Битиќи (Вардар), Бојан Колевски (Металург);

    Првиот натпревар македонската репрезентација до 17 години го игра против Србија на 26-ти октомври, два дена подоцна против Италија, а на 31-ви октомври против Албанија.