До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Само пред нешто повеќе од година дена од Манчестер Јунајтед е доведен еден од најголемите таленти кои беа на пазарот.
Мемфис Депај стигна на Олд Трафорд после феноменалната сезона во ПСВ каде што постигна 22 гола и беше најдобар стрелец во Ередивизија. Англиската јавност по навика, но и по енерција на трансфер од 34 милиони евра почнаа да го споредуваат со Кристијано Роналдо и други големи играчи.
Тоа што тогаш не е речено е дека е потребно време за адаптација. Постојат фудбалери кои лесно се адаптираат. Но, кај Мемфис не е така.
Одигра 45 натпревари во минатата сезона за Ѓаволите, но не му одеше на теренот. Ниту надвор од теренот. Обвинет е за недостаток на професионализам кога во февруари го славеше 22 роденден во Ротердам, само неколку часа после поразот од Сандерленд. Пред тоа дојде на тренинг во автомобил од 280 00 евра! После пораз од Стоук!
Во тој момент Пјер ван Хојдонк јавно му порача „да престане да се занесува наоколу и да почна да игра фудбал“.
Овој не го послуша.
Му зборуваше и Рајан Гигс. Клубот сакаше да го заштити и му понуди да живее поблиску до тренинг центарот на Јунајтед во Карингтон, но Мемфис тоа го одби.
Избра еден од најубавите делови на Манчестер, пред што ја зеде луксузната вила на Мика Ричардс. Животниот стил го чинеше многу. А, како пример можеме да бараме и во детството.
Тоа беше тешко. Татко му го напушти кога Депај имаше четири години, па така мајка му мораше сама да го одгледа.
Подоцна запозна нов партнер, но тој уште повеќе му го загорчи животот. На Депај фудбалот му беше излез. Љубовта кон тој спорт му ја всади дедо му, кој почина кога Мемфис имаше 15 години.
Советот на Гулит кон Депај: Батали ролс-ројс и хамер, биди машко – играј фудбал!
И Мурињо застана во негова одбрана. Го истакна посебиот „фактот да возите добра кола не значи дека не сте фокусирани на фудбалот“. Многумина би рекле дека Жозе е вистинскиот човек кој ќе го врати таму каде што треба, но Мемфис баш и не во неговите планови поради тоа што одигра само 33 минути во оваа сезона во сите нартпреварувања. И тоа се влегувајќи од клупа.
Мемфис не е некој кој може да биде како Роналдо, но е фудбалер кој додека играше во Холандија покажа дека има квалитет да игра во првиот состав на Мурињо. Поготово сега кога Ѓаволите се во проблеми и им е потребна топла крв која може да доведе до вриење, но позитивни.
Но, во сиатуација во која Антони Марсијал се повреди против Вотфорд и мораше да биде заменет, Жозе го дигна од клупата Ешли Јанг.
Тоа се зборува.
Пред него се уште три години од договорот и многу прашања. Дали ќе продолжи да ужива, или ќе тргне да игра? Дали му е важен добар поглед од вилата или гол за победа? Ролс ројс или прва постава?
Прашања се многу, одговорите ги знае само Мемфис. А, можеби и тој не ги знае.















