До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус играат денеска на домашен терен против Лион во рамките на 4 коло од групната фаза од ЛШ.
Старата дама пред две недели со доста маки славеше на гостувањето против Лион, а единствениот гол на тој меч го постигна Хуан Квадрадо.
Јуве во саботата во големото дерби беше подобар од Наполи, а јунак беше Гонзало Игуаин. Аргентинецот изјави дека доаѓањето во Јувентус беше вистински потег за него.
„Примарна цел ми е да помогнам за екипата да победува. Ако постигнам гол тогаш е уште подобро, но најважно ми е Јуве да победува. Среќен сум што дојдов во овој клуб и се чувствувам дека напредувам од ден во ден“, рече Игуаин, и додаде:
„Добро се сложувам со Манџукиќ во напад. Не игравме многу, но покажавме дека можеме да фунционираме. Мечот против Лион е многу важен за нас и ќе дадеме се од себе да победиме и да осигураме пласман во втората рунда“.















