До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Холандскиот напаѓач Робин ван Перси доживеа денеска една од најлошите повреди во кариерата.
Тој на гостинскиот натпревар на својот тим против Акхисар Беледиеспор терен мораше да го напушти во 39 минута и тоа поради многу тешка повреда на окото.
Поедини медиуми отидоа така далеку што објавија дека Ван Перси го загуби окото, но тоа не е вистина.
Докторот на Фенербахче се огласи после мечот и објасни дека работата не е толку лоша како што изгледаше во прв момент.
„Ван Перси доби удар во пределот на окото и поради тоа имаше многу крварење во пакаците. После интервенцијата на итната помош имаме нови информации. Можам да кажам дека состојбата е добра. Итната интервенција спречи многу полоши работи“, рече докторот Бурак Кундурачиоглу.
Ван Перси после интервенцијата на итната помош дури и се врати на стадионот за натпреварот да го догледа до крајот на натпреварот, а се појави и неговата фотографија на окото после повредата. Треба да се нагласи и тоа дека Фенербахче славеше во овој меч со 3:1, а Ван Перси го постигна првиот гол.















