До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Милан вечервса во големото италијанско дерби го совлада Јувентус со 1:0.
Храбрите Росонери играат одлично во последно време, а печат на тоа даде младиот Локатели, кој заби за победа над Јувентус.
Покрај Локатели, јунак на дербито беше и Џанлуици Донарума. Талентираниот голман на Росонерите повторно беше на задачата, а во 95 минута го спаси својот гол со одлична одбрана после ударот на Сами Кедира.
А тогаш Адријано Галијани падна во транс и почна да слави, како и целиот Сан Сиро.















