Донарума има само еден одговор на прашањето за Јуве


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во овие денови спортските наслови на Апенините се полни со вести за интересот на Јувентус за Џанлуиџци Донарума.

    Донарума се смета за еден од најголемите голмански потенцијали, со оглед дека има само 17 години, а дека пред него е голема иднина сведочи и тоа што во своите редови сакаат да го видат клубови како Челси, Реал, Јунајтед.

    Последен во низата кој што покажа интерес е Јувентус.

    Италијанскиот шампион во Донарума гледа идеален наследник на големиот Буфон кој се спрема за завршување на кариерата, меѓутоа овој „вундеркинд“ Милан нема намера да го продаде.

    „Слушнав дека ме нарекуваат наследник на Буфон, убаво е тоа да се слушне, но моментално сум концетриран само на Милан. Тоа е клуб за кој навивам откако бев дете. Веќе сум во голем клуб“, порача Донарума.

    Донарума се приклучи на академијата на Милан со 14 години, и веќе сега се смета за најголем голман на просторитие на Стариот континент.