„Доцнев, но не беше контакт“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Серхио Рамос смета дека не заслужи црвен картон во синоќешниот пораз на неговиот Реал Мадрид од Барселона со резултат 2:3 на Сантијаго Бернабе.

Капитенот на Реал верува дека неговиот прекршок над Меси не беше толку груб за поради него судијата да му покаже директен црвен картон.

Шпанскиот репрезентативец е исклучен во 77 минута после што, со двете нозе, стартуваше на Меси.

Сепак, тој смета дека црвениот картон му е престрого доделен, како и дека не му беше намерата да го повреди одличниот Аргентинец.

„Црвениот картон беше премногу. Не сакав него да го повредам. Според мое мислење, стартот беше за жолт картон, а не за црвен. Доцнев, но не беше контакт“, изјави Рамос за новинарите после дуелот.

„Во Барселона имаат подруго размислување за играта, тие секогаш зборуваат за судијата. Но ние тоа нема да го работиме, тоа не е во наш стил. Пике секогаш зборува за судењето. Можеби е некогаш тоа и подобро, а не сакам да започнам никакви контроверзии“, додаде Рамос на крајот.