Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Металург денес потпиша со левиот бек Милош Драгаш со кого потпиша 2-годишен договор.
Драгаш стигна од Бундеслигата од Бергишер. Има играно и за Прибој, Локомотива Брчко, Металопластика и Вардар.
“Со задоволство прифатив да бидам дел од проектот на Лино Червар за новата преродба на Металург. Навистина е предизвик да бидеш трениран од еден од најдобрите тренери на светот. Секако, дополнителен мотив е настапот во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. Гледам голем потенцијал во младиот тим на Металург и убеден сум дека многу брзо овој состав ќе има што да каже во сите натпреварувања на кои учествуваме“, изјави Драгаш.