Дури и после 20 години, од најголемиот изманик ни трага ни глас!

    Пред точно 20 години Али Диа потпиша за Саутемптон, ден кој секој навивач го проколнува.

    За тие кои што не се упатени, Диа е најголемиот изманик во фудбалскиот свет на сите времиња.

    На овој ден Диа играше за Саутемптон против Лидс, а ден потоа мораше да замине од клубот. Но зошто? Затоа што тој воопшто не беше фудбалер.

    Непознат Сенегалец во 1996 ја искористи наивноста на првите луѓе на Саутемптон и потпиша за нив. Диа стигна и е именуван како непознатиот.

    Тој дојде, потпиша и заигра а потоа се дозна дека нема врска со фудбал и дека досега има одиграно само 2 натпревари за петолигашки клуб во Сенегал.

    И таков, неспремен, без никаков квалитет изигра некоја минута во најелитната лига на светот тогаш, во Премиер Лигата а потоа се спакува и ни трага ни глас од него, и ден денеска.

    Кога дошол во Саутемптон не ни знаел англиски. Последно познато е дека во 2001 заврши факултет во Њукасл, а денес го нема никаде.