До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Хенрик Михтаријан не играше против Арсенал затоа што тренерот Жозе Мурињо му рече дека нема да може да го поднесе притисокот кој тој натпревар го носи.
Михтаријан во летото дојде од Борусија Дортмунд за околу 30 милиони евра, но во Премиерлигата играше последен пат во средината на септември.
Од тогаш еднаш настапи за Јунајтед, во поразот од Фенербахче во гости. Во текот на репрезентатицната пауза беше капитен на Ерменија, во победата над Црна Гора со 3:2, но тоа не му донесе место во тимот за мечот против Арсенал, кој во саботата заврши 1:1.
„Му реков дека натпреварот против Арсенал не е за него. Мислам дека не е потребно да влезе од клупа и да игра 10 или 20 минути. Му треба помал притисок и подобри услови да ги искаже своите квалитети. Мислам дека му е потребна добра партија и натпревар кој ќе го почне или во кој ќе влезе во второто полувреме“, рече Мурињо, а пренесоа денеска британските медиуми.
Михтаријан треба да заигра во четврток, кога Јунајтед го дочекува Фејенорд.
„Му реков дека ќе биде дел од натпреварот. Пробува. Не е среќен, но добро го користи своето незадоволство, со тоа што ја држи устата затворена и вредно работи да се прилагоди“, рече Мурињо.















