ЕвроБаскет: На Финска и беа потребни две продолженија за да ја совлада Полска

 

Во најинтересниот меч досега на ЕвроБаскетот, Финска ја совлада репрезентацијата на Полска дури по две продолженија.

 

Финците се радуваа на крајот од мечот, и тоа не само заради победата, туку и заради “испливувањето” на површина на нивната нова ѕвезда Лаури Марканен.

Младиот крилен центар кој летово беше драфтуван во НБА лигата, во тимот на Чикаго Булс, постигна 27 поени и притоа додаде 9 скока со кои придонесе за конечниот резултат од 90-87 за Финска.

Кај Полска најефикасен беше капитенот Вачински, кој постигна 18 поени.

 

Финска сега има позитивен скор од 2 победи и 1 пораз, додека Полска падна на четвртото место во групата А, со скор од 1 победа и 2 порази.