До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во летото го одби Наполи можеби веќе во наредното може да се пресели на Емирати.
Фудбалерот на Олимпик од Лион Корентин Толисо спаѓа во групата фудбалери со француско државјаносто од кои многу се очекува.
Момчето кое треба да биде еден од клучните играчи на Триколорите во иднина, пред само неколку месеци имаше шанса да направи исчекор во кариерата, но ја одби.
Тој имено имаше голема понуда од италијански Наполи, но одлучи да остане во Лион и да игра во Лигата на шампионите.
„Сонувам, за голем број на клубови како Реал Мадрид, Барселона, но и англиски клубови како Арсенал. Ја сакам Премиер лигата и мислам дека сосема ми одговара“, изјави Толисо и така ги зголеми фантазиите на навивачите на Топџиите.
Тој имаше понуда од Наполи на маса, но се одличи да остане во Лион.
„Се двоумев кога Наполи се појави со понуда, но таа страница веќе помина. Приоритет ми е добра сезона со Лион, и затоа го одбив Наполи.
Одлуката ја донесов со срце. Знам дека заминувањето во Наполи ќе ми донесеше многу добри работи, но кога е Лион во прашање не е се во парите“ ,рече младиот француски репрезентативец и покажа дека има принципи до кои се држи.
Тој е стандарден во У21 репрезентацијата на Триколорите за која одигра 17 натпревари и постигна пет голови. Во дресот на Лион одигра 123 натпревари, а постигна 19 голови.
Нема сомнеж дека во Арсенал може да стане играч од светска класа, ќе видиме дали Венгер ќе реагира и на својот сонародник да ја исполни желбата да заигра на Емирати.















