ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо повторно е казнет.
Фудбалската асоцијација на Англија, поради недолично однесување и исклучувањето на натпреварот против Вест Хем минатиот викенд, повторно го казни португалскиот стратег.
Специјалниот повторно доби казна од еден натпревар забрана за водење на тимот, и тоа значи дека нема да го гледаме на клупата на Јунајтед на вечерашниот натрпевар во ЕФЛ Купот против Вест Хем.
Покрај суспензијата од клупата, Португалецот ќе мора да плати и 16,000 фунти парична казна. Ова е втора казна за Мурињо во само еден месец, а претходно тоа го направи на натпреварот против Свонси.