До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Не е лесно да се измами искусниот менаџер…
Клаудио Раниери предизвика смеа меѓу новинарите, а мускулот на лицето не се помести.
Тој денеска изведе тим без стандарниот напаѓач, Муса кој почна не се прослави, а новинарите ги интересираше дали Оказаки е повреден, па го нема во тимот.
„Не, не е повреден“, рече Раниери.
„Секогаш кога е пауза и кога треба да стигне од Јапонија, доаѓа неговиот брат. Тоа не е истиот тој Оказаки кој замина“, тврди Италијанецот.
Јасно е дека алудира на долгиот пат во Азија, веројатно и опуштање на фудбалерот кој е од голема важност за Лисиците бидејќи се дополнуваат со Варди.
„Поради тој брат, Оказаки морам да го оставам на трибините“, заклучи Раниери, кој не се насмеа, не му беше лесно поради новиот пораз на неговиот тим.
Сол на раната додаде Гари Линекер со твит. Напиша ироничко дека за Лестер, после овој пораз ќе биде тешко да ја одбранат титулата.
Прославениот англиски репрезентативец се „ругаше“ со Лисиците кога го доведоа Раниери, тогаш беше принуден да ги „изеде“ своите зборови…
It’s going to be really difficult for Leicester to retain their title from here.
— Gary Lineker (@GaryLineker) October 15, 2016















