Загреб падна во Скопје – Металург конечно победи во СЕХА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Металург го победија Загреб во Борис Трајковски со 25:22 во натпревар од СЕХА.

Загреб имаше предност во текот на цело прво полувреме. Металург со погодокот на Јусефинеџад во последните секунди од првото полувреме го израмни резултатот, 11:11. Во првото полувреме ракометарот на Металург, Жарко Пешевски доби црвен картон и предвреме го заврши натпреварот.

Најдобриот поединец на Металург во првото полувреме беше голманот Мартин Томовски кој од кога го замени Арсиќ на голот бранеше фантастично.

Обрадовиќ, Илиќ и Крстевски на почетокот на второто полувреме му донесоа водство на Металург од три погодоци, 14:11. Металург неколку минути подоцна имаше и водство од четири погодоци, 17:13. Најзаслужни за тоа беа Петров и Илиќ.

Во 48-ма минута Кузмановски и Гуглета погодија за 19:14. Со серија од три погодоци ракометарите на Загреб намалија на 19:17.

Обрадовиќ, Кузмановски и Нелоски одговорија со иста мерка и ја вратија предноста од пет погодоци, 22:17. Атрактивен погодок на Илиќ и Велковски за 23:18 пет минути пред крајот на натпреварот.

Металург на крајот победи со 25:22.

Филип Кузмановски и Немања Обрадовиќ со по 5 погодоци го предводеа Металург. Александар Гуглета постигна 4, Вања Илиќ, Марко Неловски, Жарко Пешевски и Мартин Велковски по 2, Костадин Петров, Горан Крстевски и Амин Јусефинеџад по 1 погодок. Голманот на Металург, Мартин Томовски го заврши натпреварот со 14 одбрани. Стипе Мандалиниќ го заврши натпреварот најефикасен кај Загреб со 7 погодоци.

Четврта победа за Металург оваа сезона во СЕХА.