Заради ова ќе биде „златна кокошка“ во летниот преоден рок!

Одличниот фудбалер блеска под водство на Синиша Михајловиќ.

Андреа Белоти игра сезона од соништата.

Фудбалерите на Торино вчера ја совладаа екипата на Пескара со резултат 5:3, а Белоти постигна два погодоци.

Белоти така стигна до бројката од 17 погодоци во Серија А, а повеќе од него дадоа само Един  Џеко и Гонзало Игуаин, по 18.

Покрај 17 постигнати голови, Белоти подели и три асистенции, што го направи еден од најдобрите напаѓачи во Италија и Европа во оваа сезона.

Да потсетиме, Арсенал во зимата за него нудеше 65 милиони евра, а во трката се вклучи и Челси.

Ако вака продолжи, се знае дека ќе биде една од бомбите во летниот преоден рок.