До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Овој човек може да биде клучна улога во прашањето на Јунајтед на старите стази на слава.
Стручниот штаб на Манчестер Јунајтед доби големо засилување. Нивен нов член стана Роланд Јансен.
Овој Белгиец веќе е долго шеф на скаутинг служните на еден од најдобрите белгиски клубови во последните години, екипата на Генк.
По негова заслуга, дресот на оваа белгиска екипа го носат Кевин Де Брујн и Тибо Куртоа.
Како Мурињо соевремено често гледаше во Белгија во потрага за млади таленти додека работеше во Челси, таа пракса сега ќе ја продолжи и во Јунајтед.
Благодарение на идејата на Португалецот за таленти да се бараат токму таму, на Стенфорд Бриџ соевремено доаѓаа споменатите Куртоа и Де Брујн, како и Лукаку.
Во секој случај, Јунајтед се грижи за иднината, овој потег укажува и на тоа дека на Мурињо и покрај лошите резултарти гледаат уште некое време на клупата на Црвените ѓаволи.
Важно е само Мурињо да не погреши со проценките во следниот пат, како што тоа го направи со Де Брујн и Лукаку, на кои им дозволи прерано да го напуштат Стенфорд Бриџ и во играчка светска класа да пораснат некаде на друго место. На грешките се учи,веруваме дека Мурињо овој пат се води со оваа парола.
Roland Janssen, chief scout of KRC Genk, will join Manchester United. He’ll be responsible for the scouting in Belgium. (HBVL) #MUFC pic.twitter.com/ZGx6NEhn8O
— Kristof Terreur ???? (@HLNinEngeland) November 5, 2016















