Земи или остави – Ултиматумот на Јувентус за белгиецот


    Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Италијанскиот шампион повеќе не сака да преговара, ова е последната понуда.

    Во текот на летниот преоден рок се шпекулираше кој ќе го наследи Пол Погба.

    Прв стигна Миралем Пјаниќ, но од самиот старт се знаеше дека Јувентус сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред.

    На листата прв беше Аксел Витсел од Зенит и за него Јувентус му постави ултиматум на рускиот клуб.

    Јувентус ја испрати последната понуда од 6 милиони евра со порака земи или остави.