Зидан: Знаеме што не очекува но мислиме само на фудбал!

Фудбалерите на Реал Мадрид играат против Гирона во десетото коло од Ла Лига.

Гирона е екипа од Каталонија која пред неколку денови прогласи независнот и се отцепи од Шпанија. Зидан вели дека е свесен што ги очекува таму но наведува дека нема да дозволи тоа да влијае на неговата екипа.

„Каталонија? Гледам само една работа а тоа е овој натпревар и ништо друго. Знаеме дека таму не е баш најдобаро но нема да дозволиме тоа да влијае лошо на нас“ – вели Зидан.

„Прв пат играме против Гирона но и тоа не ни менува ништо. Натпревари во оваа лига се навистина тешки и никогаш не знаеш што те очекува“ – додава тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.