„Златната топка да ја освои најдобриот, а не кој ќе освои најмногу“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Паоло Малдини истакна кој треба да ја освои Златната топка, престижната награда за најдобар играч на светот.

    Лео Меси е актуелен освојувач на Златната топка, награда која секоја година се доделува на најдобриот играч на светот.

    Сепак, се поставува големо прашање дали ќе успее да ја одбрани таа титула, поради тоа што немаше премногу среќа со освојување на трофеи во претходната сезона.

    За разлика од него, Кристијано Роналдо освои повеќе трофеи, ја освои Лигата на шампионите и Европското првенство, со што го прави голем фаворит.

    Паоло Малдини истакна дека тоа не треба да има преголема врска.

    „Златната топка треба да се доделува на најдобриот играч, а не на тој кој ќе освои најмногу трофеи, а да не беше јунак во тоа. Меси ја заслужува наградата“, рече Малдини.

    Се сложувате ли?