Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Санчез денес во Монте Карло ќе ја добие наградата за најталентиран млад фудбалер во светот.
Избран е. Природно и очекувано. Ренато Санчез е најдобриот млад фудбалер во светот.
Португалскиот репрезентативец е четиринаесетиот добитник на оваа награда која ја доделува италијанскиот весник, Тутоспорт. Причината за освојувањето на оваа награда е освојувањето на ЕП со Португалија, одбраната на титулата во португалското првенство со Бенфика и трансферот во Баерн Минхен за 35 милиони евра. Зад Ренато завршија Маркус Рашфорд и Кингсли Коман.
Ренато Санчез е првиот Португалец која ја освојува оваа награда.
2003 – Рафаел Ван Дер Варт (Ајакс)
2004 – Вејн Руни (Манчестер Јунајтед)
2005 – Лионел Меси (Барселона)
2006 – Сеск Фабрегас (Арсенал)
2007 – Серхио Агуеро (Атлетико Мадрид)
2008 – Андерсон (Манчестер Јунајтед)
2009 – Александре Пато (Милан)
2010 – Марио Балотели (Манчестер Сити)
2011 – Марио Геце (Борусија Дортмунд)
2012 – Иско (Малага)
2013 – Пол Погба (Јувентус)
2014 – Рахим Стерлинг (Ливерпул)
2015 – Антони Марсијал (Манчестер Јунајтед)
2016 – Ренато Санчез (Баерн Минхен)