До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во Монте Карло во вторникот на Џанлуиџи Буфон е доделена наградата „Златно стапало“.
Наградата ја доделуваат реномирани спортски новинари од цела Европа, а добитникот мора да исполнува два услови – да има повеќе од 28 години и порано да не ја добивал оваа награда.
Покрај тоа, пожелно е и надвор од теренот да е влијателна личност.
Буфон во оваа година ја доби наградата пред Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а во претходните две сезони со награда се закитија Самуел Ето и Андрес Иниеста.
Досега, наградата златно стапало ја освоиле Баџо, Недвед, Шевченко, Роналдо (Бразилецот), Дел Пиеро, Роберто Карлос, Роналдињо, Тоти, Гигс, Дрогба, Ибрахимовиќ, Иниеста и Ето.















