„Зошто Михтаријан не игра?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Стручен консултант на БТ Спорт и некогаш ирач на Манчестер Јунајтед Овен Харгривс е изненаден поради фактот дека Хенрик Михтаријан не добива шанса да игра за Црвените ѓаволи.

    Репрезентативецот на Ерменија стигна од Борусија Дортмунд во текот на бурниот преоден рок на Олд Трафорд, но за разлика од Ибрахимовиќ и Погба, целосно е запоставен од страна на менаџерот Жозе Мурињо.

    Откако дебитираше за Јунајтед на дербито со Сити на почетокот на септември, Михтаријан воопшто не се појави на терен.

    „Тој мора да игра. Не можам да верувам дека на него не обраќа внимание.

    Тој би бил еден од клучните играчи во мојот состав. И во Дортмунд имаше нешто послаб старт, но тогаш постигна 23 гола и забележа 32 асистенции, што се вистина неверојатни бројки.

    Тоа не беше во некоја очајна лига со аматерски тимови, и тешко дека освен Меси и Роналдо некој играч може да ја повтори таа статистика.

    Михтаријан е одличен играч, но веројатно е чувствителен како личност. Би било идеалнио одма да тргне да постигнува голови и асистенции, вака неговата самодоверба  сигурно е нарушена“, заклучи Харгривс.