До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ на британските медиуми го откри својот избор за најдобар играч на сите времиња во историјата на фудбалот.
Имено, овој напаѓач како свој прв избор, го избра Роналдо, напаѓачот кој со години беше најголем страв и трепет за одбраните ширум Европа.
„Роналдо е феноменален. Тој беше играч кој од секој потег ќе направеше нешто од што ќе се восхитуваме. Работеше тешки работи на теренот за кои постоеја магии. Имав чувство кога ја имаше топката дека може да постигне гол“, рече Ибрахимовиќ, и додаде:
„Никогаш не сте имате таков играч и нема ни да го има денес. Тој не постои. Кога ја почнував кариерата си реков на себе дека сакам да бидам како тој, играч кој прави разлика на теренот, кој е молња. Среќен сум што имав прилика да го запознам, а жал ми е што никогаш не сме играле заедно“.















