„Ибрахимовиќ и Погба го игнорираат остатокот на екипата“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед и покрај бројните засилувања ни во оваа сезона не бележат резултати дојстони за реномето на клубот од Олд Трафорд.

    Црвените ѓаволи често се на мета на критичарите во Англија, така и во остатокот на светот,  а еден во низата од тие кои дадоа  свој коментар и е поранешниот англиски фудбалер Пол Мерсон.

    Поранешниот играч на Арсенал „впери прст“ во Ибрахимовиќ и Погба, кој смета дека се премногу се изолирани од остатокот на тимот.

    „Тие двајца ми изгледаат како да го игнорираат остатокот на екипата. Како цел натпревар да гледаат еден во друг и сите останати ги оставаат по страна“, рече Мерсон, кој потоа додаде:

    “Не ссум дури ни сигурен ни во тоа дека моменталниот тим на Јунајтед има капацитет за ЛШ.

    Видовме во ЛЕ, каде што играа со најсилниот тим а многу се мачеа“.