До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ во ова лето со Погба е најзвучно засилување на Манчестер Јунајтед, а овој напаѓач за британските медиуми откри каде ќе игра во наредната сезона.
„Не сме разговарале сеуште за тоа. Имам договор 1+1 и овде ми е добро. Ако се чувстувам физички како сега, веројатно овде ќе бидам и во следната сезона. Сакам да бидам реален кон себе, ако сум овде сакам да можам да играм најдобро што можам, а не да губам време. Ако остане вака како сега, веројатно ќе бидам овде, но сеуште немало разговор за тоа“, рече Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ неодамна изјави дека после Манчестер Јунајтед сака да заигра во САД.















