До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Некогашниот репрезентативец на Франција Кристоф Дугари не е воодушевен од доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед, но ни менаџерот на тимот од Олд Трафорд Жозе Мурињо.
Дугари дел од кариерата ја помина во Англија, во дресот на Бирминген, а играше уште за Бордо, Милан, Барселона, Олимпик од Марсеј и Катар.
„Кога ги гледам мечевите на Ибрахимовиќ не гледам ништо посебно. Сите можат да играат како тој, мене никогаш не успеа да ме воодушеви. Ибра е како конус на тренинг. Може сите да зборуваат за таа статистика, но тој е конус“, рече Французинот.
„Не може да игра во таа улога во Јунајтед, бидејќи тоа е Премиер лигата, тука сите одат со брзина од 2000 километри на час“.
Четириесет и четири годишниот Французинот го „поткачи“ и Мурињо.
„Последниот тактички успех го имаше во Лигата на шампионите кога со Интер ја доби Барселона. Освои уште една титула од тогаш, но се изгуби. Верува дека стана поважен од тимот. Секогаш го обвинува судијата, среќа или противникот кога ќе загуби. Искрено, освен неколку нови играчи мислам дека ова е истата ситуација кога Ван Гал беше на клупата на Јунајтед“, нагласи Дугари.















