Ибра израмни неславен рекорд од 2007 година


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска ремизираа на домашен терен против Барнли (0:0) во меч од 10 коло од Премиер лигата.

    Ова беше четврт натпревар по ред што Црвените ѓаволи не успееја да остварат победа во англиската Премиер лига.

    Јунајтед денеска имаше неверојатен број на шанси, а се истакна Златан Ибрахимовиќ кој дури 12 пати шутираше кон голот на гостите.

    Сепак, Ибрахимовиќ не успеа да се запише во листата на стрелците иако имаше неколку зицери.

    Швеѓанeцот израмни неславен рекорд кој го оствари уште во 2007 година додека го носеше дресот на Интер.

    Имено, прв пат после девет години се случи за Ибрахимовиќ да не успее во шест натпревари по ред да постигне гол во лигашки натпревар.

    Ова е малку кој очекуваше со оглед дека Ибра одлично ја почна сезоната во Манчестер Јунајтед.