Игуаин донесе победа на Јуве во дербито против Наполи (Видео)


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Јувентус остварија победа во дербито на 11 коло од италијанската Серија А против Наполи.

    Актуелниот шампион на Италија вечерва на својто терен славеше против Наполи со 2:1, а јунак на овој меч беше Гонзало Игуаин кој во летото токму од Наполи стигна во Јувентус.

    На првата сериозна шанса се чекаше се до 24 минута кога Игуаин се закани на голот на Наполи, но Реина беше сигурен.

    До крајот на првото полувреме се играше повеќе на средината на теренот, и двете екипи трпеливо ја чекаа својата шанса.

    Јувентус до предност стигна на самиот старт на вториот дел кога Бонучи ја искористи големата шанса на одбраната на Наполи, и погоди за 1:0.

    Сепак, само четири минути беа доволни за гостите од Наполи да дојдат до израмнување.

    Исиње одлично асистирање до Каљехонј кој без проблеми го совлада Буфон.

    После примениот гол јасно беше дека Јувентус не е задоволен со овој резултат, и тргнаа по трите бода.

    И тогаш во 71 минута од натпреварот на сцена стапи Игуаин.

    Игуан доби една одбиена топка, и од врвот на казнетиот простор ја заби во мрежата на Наполи.

    Игуаин не сакаше да го прослави погодокот бидејќи до вчера беше член на Наполи.

    Сепак, тешко дека ќе може да го подобри веќе лошата репутација кај навививачите на Наполи.

    До крајот на мечот Наполи пробуваше да го израмни резултатот, но Јуве искусно ја чуваше својата предност.

    Јувентус е прв на табелата во Серија А со 27 освоени бодови, додека Наполи е трет со седум бода помалку.


    Higuain pogodio protiv bivseg tima by goloviliga