До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
После што пред неколку недели во јавноста излезе вест дека Манчестер Јунајтед во своите редови сака да го доведе напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, денеска шпанските медиуми донесоа информација дека Жозе Мурињо во редовите на Црвените ѓаволи сака да го види играчот за врска на Барселона, Иван Ракитиќ.
Португалскиот стратег сака да ја засили и зацврсти својата средина со еден класичен играч за врска, а како идеален кандидат го гледа дваесет и седум годишниот Хрват кој во Барселона стигна во 2014 година за само 18 милиони евра.
Меѓутоа, челните луѓе на клубот веќе тргнаа во подготовка на нов договор за Ракитиќ кој тој треба да го потпише во следното лето. Моменталниот договор истекува во 2019 година.















