Изненадување – Швајни доби нова понуда!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Знате сите добро дека Мурињо не смета на во оваа сезона на Бастијан Швајнштајгер, а се очекува негово брзо заминување од Манчестер Јунајтед.

    Освојувачот на Светското првенство и човек кој беше еден од најдобрите централни играчи за врска на светот во последните 10-тина години, сега е во немилост на тренерот Мурињо, а вчера конечно доби шанса да тренира во првиот тим.

    Мурињо шанса дава на другите, а Швајнштајгер своето место го пронаоѓаше на трибините на стадионот, поддржувајќи го Јунајтед на друштвените мрежи и го чека своето заминување. Дури и понижуван, но тој се тоа го прима на господски начин.

    Тоа заминување може да се случи во Италија поради тоа што наводно Милан е заинтересиран за неговите услуги.

    Тие бараат искусен играч за врска, наводно Швајни е тој кој може да го добијат, пишуваат медиумите во Италија.

    Покрај Италија, МЛС доаѓа во предвид како наредна дестинација, најмногу ова опција се споменуваше во претходните недели,но не треба да се исклучи ни миланскиот гигант.

    ЛА Галакси и Њујорк се главни кандидати кога се работи за екипи од МЛС лигата.