Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот менаџер Мино Раиола не е баш омилен лик кај претседателите на клубовите. Овој пат тој со една изјава крена голема дилема кај Миланезите. Џиџи Донарум инаку познат како „новиот Буфон„ во Милан се смета како еден од најдобрите играчи, а Раиола изјави дека прво сака да виде како кинезите ќе се покажат па потоа да зборува за младиот и талентиран голман.
Прв во редот за услугите на Џиџи е Јувентус кој нема мака со финансии а и бројни клубови од Англија се заинтересирани.
„Прво да го видиме тој нов Милан па потоа ќе зборуваме за Џиџи“ – вели Раиола
Миланезите едвај чекаат да се заврши и официјализира продавањето на Милан.
Инаку Донарума во фебруари полни 18 години, а за Милан веќе има одиграно 43 наптревари и 2 интернационални.