Интер – Наследникот на Де Бур веќе познат?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во исчекување на официјална реакција на челниците на клубот, медиумите во Италија веќе најавуваат ново/старо име на клупата на Нероаѕурите.

    Фудбалерите на Интер вечерва уште еднаш го разочараа бројните навивачи.

    Пораз од Сампдорија во Џенова (0:1) тоа им беше четврти во последните пет кола, екипата продолжи да тоне на табелата, па сега со нетрпепение се очекува официјален став на клубот во врска со понатамошната судбина на Франк Де Бур на позицијата тренер.

    Тренерот после мечое веќе со огласи на конференцијата на медиумите, не наговестувајќи дека и самиот може да ги спакува куферите, пред одлуката за евентуална смена.

    А за тоа време, италијанските медиуми најавуваат враќање на Бразилецот Леонардо на клупата на Интер!

    Човекот кој во тренерската кариера ги водеше и Милан и Интер, а со Нероаѕурите го освои Купот на Италија во сезоната 2010/11 сега е прв фаворит за враќање на Меаца, но дали тоа ќе биде веќе во оваа недела, или во текот на претстојната првенствена пауза на средината на ноември, засега не е познато…