Интер падна на колена во Чешка, Фиорентина го потопи Карабах

    Во ЛЕ се одиграа уште 12 натпревари од второто коло од групната фаза.

    Ајакс на домашен терен го совлада Стандард минимално, 1:0. Гудиети и Вас во период пет минути му донесоја победа на Селта Виго против Панатинаикос, 2:0. Фиорентина како на тренинг после црвениот картон за Карбах. Италијанскиот клуб на Артемио Франки славеше со 5:1. Гент лесно го совлада Конјаспор со 2:0. Хапоел Бер Шева и Саутемптон одиграа без погодоци и ги поделија бодовите.

    Краснодар ја декласираше Ница во Русија со 5:2. Грчки Паок славеше на гости во Чешка кај Либерец со 1:2. Шалке ја запиша првата победа во ЛЕ, совладан беше Салзбург со 3:1. Шахтјор одигра 2:0 против Брага. Сензација во Чешка, Интер поразен со 3:1 од Спарта Прага. Ова е втор пораз за Интер во оваа сезона во ЛЕ. Стеауа и Виљареал ги поделија бодовите, 1:1. Турски Османлиспор загуби на гости кај Цирих со 2:1.