Каков Дрогба – Наполи на радарот ги има овие два напаѓачи


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Претседателот на Палермо, Маурисијо Зампарини откри дека од Наполи добил понуда за Илија Несторовски.

    На Наполи му треба напаѓач бидејќи поради тешка повредата отпадна Аркадиуш Милик, а досега се нагодуваше дека сакаат да го доведат напаѓачот на Фиорентина, Никола Калиниќ.

    „Пред еден месец добив порака од Аурелијо Де Лаурентис. Ме праша дали ќе му го продадам Несторовски, но ми кажа не“, откри Зампарини.

    „Можеби ќе разговараме повторно во летниот преоден рок, но немаме намера да го продаваме во јануари. Најверојатно нема да го продаваме ниту во лето. За Несторовски ова е вистинска шанса. Има чувство за погодок кој ретко го има. Го споредувам со Инзаги, но тој технички е уште посилен фудбалер, има фантастичен карактер.“

    Илија Несторовски го дели шестото место на листата на стрелци со Гонзало Игуаин. Фудбалерот на Палермо има постигнато 7 погодоци, а Калиниќ 6 погодоци.